Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Apocalypse Hellfire 6×6 – Ѕвер од четврт милион долари

Минатиот месец, пишувавме за див 6х6 модел наречен „The Warlord“, кој е базиран на Dodge Ram 1500 TRX, и е создаден како дело на тјунерската компанија од Флорида, Apocalypse Manufacturing…

Слободно можеме да кажеме дека е едно од најлудите теренски возила што сме ги виделе во последно време, и се чини дека е совршен модел за бегство доколку навистина се случи зомби апокалипса. Сепак, компанијата нуди и нешто уште полудо од овој модел. Запознајте го Hellfire 6×6, премиум луксузно возило, кое се базира на моделот Jeep Gladiator. Тоа е машина што може да ве извлече од секоја неволја и секој вид апокалипса. Сопственикот на компанијата од Флорида гостуваше во Garage, шоуто на Џеј Лено со овој неверојатен модел, што ни даде подетален увид.

Со тежина од околу три тони, Hellfire 6×6 е вистински ѕвер. Лено изгледаше импресионирано од забрзувањето и кочењето на овој модел. Модифицираниот модел има вистински распоред 6×6 со средна оска патентирана од оваа компанија и осумстепен автоматски менувач позајмен од Ram 3500 HD. Камионот што можете да го видите на видеото се напојува со мотор Corvette LS3 кој произведува 500 коњски сили, но од компанијата велат дека е достапна малку помоќна верзија со Hellcat V8 која може да произведе до 707 КС. И додека надворешноста изгледа нескротлива и дива, внатрешноста е практично недопрена.

Кабината е обвиткана со кожа, додека моделот има и големи екрани и инфрацрвена камера со панорамски поглед. Лено признава дека ова чудовиште со шест тркала не е баш по негов вкус, но ја цени идејата зад овој проект. Ако ви се допаѓа, знајте дека можете да го купите по цена од 150.000 до 250.000 долари.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement