Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Џеј Зи и Бијонсе се сопственици на најскапиот автомобил во светот

Поимот што го потрвдува ова? Фрижидерот за шампањ, дизајниран да одговара на шишињата „Armand de Brignac“, а како што веројатно знаете, Џеј Зи е ко-сопственик на тој бренд…

Џеј Зи може да биде ултимативниот Њујорчанец, но тоа не го спречи да го прифати калифорнискиот начин на живот. Само погледнете го (наводно) најновиот автомобил што тој и Бијонсе го додадоа во нивната колекција. Според бројни медиуми, ова возило во моментов е најскапо во светот – Rolls Royce Boat Tail.

Инспириран од моделот Rolls Royce Sweptail од 13 милиони долари, Boat Tail е најстариот декадентен Rolls во моментов во светот. Должина од 5,79 метри, кабриолетот со морска тематика крие 6,75 литарски V12 под хаубата, нуди простор за четири патници и карбонски модуларен покрив што може да се трансформира во елегантно купе. Најимпресивниот елемент на овој модел се секако неговите прегради во задниот дел што се отвораат, и содржат фрижидер за шампањ, Christofle сет за пикник, коктел-маса со столици и чадор во целосна големина.

Од минатата недела, многу луѓе ширум светот шпекулираат дека Џеј Зи е сопственик на овој спектакуларен автомобил. Прво се појавиле извештаи дека новиот сопственик е Американец и дека тој и неговата сопруга се дел од музичката индустрија. Потоа, тука е и Azure Blue финишот, што многумина го сметаа како омаж на ќерката на славната двојка, Блу Ајви, додека шлаг на тортата е ладилникот за шампањ, кој е исполнет со шишиња Armand de Brignac, а Џеј Зи е ко-сопственик на познатиот бренд.

Rolls Royce не сакаше да открие детали за сопственикот на овој автомобил, но потенцираа дека станува збор за славна личност. Ако Џеј Зи е сопственик на моделот Boat Tail, сигурно нема да се изненадиме.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement