Помина времето кога зборувавме за милијардери и нивните суперавтомобили…
Очигледно, тие сега отидоа на ниво далеку повисоко од тоа, што вклучува вселенски трки и суперјахти. Џеф Безос е еден од милијардерите кои можат да се пофалат со двете работи. Колку и да сака да биде владетел на вселената, засега ќе мора да се помири со фактот дека е „само“ сопственик на најголемата јахта на светот, долга 417 стапки или 127 метри, позната како Y721, кој има три едра. Неверојатната јахта вредна половина милијарда долари за прв пат е забележана во бродоградилиштето Цвијндрехт во западниот дел на Холандија, составена од три огромни палуби.
Милијардерот целосно се довери на бродоградилиштето Океанико, за да ја создаде својата нова убавица, врз основа на нивниот брод Black Pearl, кој е познат како една од најголемите еколошки јахти. Врз основа на тој дизајн, Y721 ќе добие и три едра, црн труп и генерално класични и елегантни контури. Еден извештај ја опишува оваа јахта како „Големата пирамида во Гиза“ со базен, амбиентално кино, неколку домови и простор за извршување на деловните обврски. Се разбира, засега нема да дознаеме други детали за јахтата, бидејќи бродоградилиштето Океанико одби да коментира.
Според Daily Mail, „Океанико ја цени приватноста и доверливоста на сите свои клиенти и потенцијални клиенти, и затоа не го коментира своето учество во конкретни проекти или неговото отсуство“. Засега светот можеше да види само мал дел од оваа јахта, која ќе биде подготвена за првото патување следната година, откако ќе ги помине сите тестови.


