Додека Трамп поднесува тужби и Бајден започнува со подготовките да се пресели во Белата куќа, приказните за последните избори во САД полека почнуваат да стивнуваат. Додека ја чека неговата нова резиденција и моќната „ѕверка“, кој ќе му биде главно превозно средство од 20 јануари 2021 година, во следните четири години, Џо може да ужива во возењето на својот олдтајмер.
Избраниот претседател на САД ја наследи љубовта кон автомобилите од неговиот татко, кој своевремено водел голем салон на Chevrolet. Од него доби нов кабриолет на Chevrolet Corvette Stingray како подарок за венчавка уште во 1967 година, за кој неодамна дури и „глумеше“ во едно од неговите предизборни видеа.
Од тогаш па се до денес, Бајден е единствен сопственик на легендарната класика веќе 53 години, во која, пред четири години, додека служел како потпретседател во кабинетот на Барак Обама, го возел славниот водител Џеј Лено во една од епизодите на неговата серија „Jay Leno’s Garage“. “
Овој култен американски класик е придвижуван од 5,4-литарски V8 мотор со 300 коњски сили, кој ја пренесува силата на задните тркала преку четиристепен мануелен менувач. Таквиот погон и овозможува на оваа временска машина да забрза до „сто“ за 4,7 секунди.
