Компанијата Hurtan го претставува екстравагантниот Grand Albaycín, базиран на сегашната Mazda MX-5. Во понудата се достапни верзии на roadster и targa (MX-5 RF) .
Оваа убавица, покрај ретро изгледот, ја красат и нови тркала, најквалитетна кожа, атрактивен издувен систем… Според достапните фотографии, јасно е дека Шпанците имаат вистински хит!
Погонскиот агрегат се состои од јапонски 1,5 (132 КС) и 2,0-литарски (184 КС) бензинци, а Hurtan ќе произведе 30 единици. Детали за цената не се објавени, а производителот наведува дека бара партнери за дистрибуција во ЕУ, Русија и ОАЕ, пренесува Motor1.
