Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Тајниот концепт на Porsche за хибриден суперавтомобил (ФОТО)

Кога Поршче го направи моделот 918, пристигна и 918 Спајдер и од 2015 година постои јаз во таа линија што сè уште не е пополнет.

Хибридниот суперавтомобил воведе нови стандарди со каросерија од јаглеродни влакна, таканаречена „активна аеродинамика“ и перформанси кои го одземаат здивот.

Photo: Porsche

Тоа е автомобил кој е ѕвер на пистата, а сепак, легален за градските улици. Дизајнерскиот тим на Порше направи одлична работа за концептот 918 RS и со својата напредна шасија го донесе хибридниот суперавтомобил на работ на крајност.

Во однос на аеродинамиката, нема многу разлика од оригиналниот модел 918, гледаме како се прават задните браници, како и големиот дифузер одзади, а променет е и изгледот на хаубата и светлата и на предниот и на задниот дел.

Photo: Porsche

Бидејќи станува збор за концепт, немаме многу информации за перформансите, а за 918 Spyder се знае дека располага со 4,6-литарски V8 мотор со два електромотори и сите заедно испорачуваат 875 КС и 1280 Nm максимален вртежен момент.

Тоа е доволно за да се достигне „стотката“ за 2,5 секунди, а максималната брзина што може да ја развие е 344 км на час.

Photo: Porsche
Photo: Porsche
Photo: Porsche

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement