Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

На продажба најелегантното Lamborghini – Murcielago Versace

Lamborghini произведе голем број специјални верзии на Murcielagо за време на десетгодишниот период на производство на овој суперавтомобил, а моделот Versace е еден од најинтересните.

Дизајниран е во соработка со италијанскиот моден бренд Versace, а произведени се само 20 примероци. Ова е едно од само 12-те произведени со волан од левата страна.

Внатрешноста е тапацирана во комбинација од црно-бела кожа, која има плоча со бројот на автомобилот, додека од надворешната страна на вратата се наоѓа уникатно лого.

Клиентите можеа да го нарачаат автомобилот во црна или бела боја, а првобитниот сопственик го надоградил со Reventon фелни – бандажи.

Исто така, направил неколку модификации, па автомобилот доби преден браник со уникатен изглед со поистакнат „сплитер“, продолжени прагови, истакнат фиксиран заден спојлер, издувен систем што ви овозможува да го менувате звукот со едно притискање на копче, и 6,5-литарскиот атмосферски V12 мотор на Lamborghini сега развиваат 680 КС наместо стандардните 631 КС.

Автомобилот е произведен во 2008 година, но е регистриран дури во 2012 година. Досега има поминато околу 10.000 километри. Цената на автомобилот е 703.000 долари, што е повеќе од чудно бидејќи слична копија неодамна е продадена за 149.500 евра.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement