Bollinger Motors претстави пакет батерии, кои ќе ги напојуваат моделите B1 (SUV), B2 (пик-ап), како и други комерцијални верзии. Нивната моќност е поделена на категории, кои се движат од 35kwh до 175kwh.
На пример, новиот Hummer EV ќе има автономија од 560 километри, поддржан од батерии од 200kwh. Компанијата исто така претстави необичен систем на „пакување“, сместен под седиштето, што гарантира непречена работа дури и во најтешките услови.
Болингер, често нарекуван „Tesla Cybertruck killer“, наведува дека батериите ќе се произведуваат во сопствени погони, а на следното видео ќе дознаете како е „спакуван“ целиот систем. Ние често немаме можност да ги гледаме инженерите на дело, додека тие подготвуваат електричните автомобили спремни за „улиците“.
