Американскиот производител објави дека Model S Plaid ќе започне да се продава во 2021 година и дека ќе биде најбрзиот производствен модел во светот кога ќе се појави на пазарот. Барем додека автомобилите како Rimac C_Two, Pininfarina Battista, Lotus Evia и Tesla Roadster не излезат во продажба.
Моделот S Plaid ќе биде кулминација на досегашното производство на Tesla и самиот врв на понудата на овој електричен седан, кој дебитираше во 2012 година.
Како што велат во компанијата Tesla, тие ќе користат три електромотори со вкупна комбинирана моќност од над 1.100 КС! Според нив, тоа е доволно за автомобилот да забрза од 0 до 96 км на час (0-60 милји на час) за помалку од 2 секунди и да помине четвртина милја (околу 400 метри) за само 9 секунди.
Максималната брзина ќе биде 320 км на час.
Ваков автомобил ќе му помогне на Tesla да му се спротивстави на ривалскиот модел Lucid Air.
Имено, Lucid Air има и своја „врвна“ верзија со три електрични мотори, кои на тестовите минаа четвртина милја за 9,3 секунди.
Исто така, Tesla посочува дека неговиот Model S Plaid е подобар на тркачката патека и дека неодамна забележа време од 1 минута и 30,3 секунди на патеката Laguna Seca во САД, што е за 3 секунди подобро од оној што го сними Lucid Air.
На крај, но не и најважно, Model S Plaid ќе има навистина голема автономија во возењето, што според луѓето од Tesla ќе достигне 520 милји, или 836 км (исто така малку подобар резултат во споредба со Луцид ер).
Сите овие одлични карактеристики се придружени со соодветна цена, која ќе започне од 139.990 долари во САД. Првите испораки до клиентите се планираат за втората половина на 2021 година.
 
						
									
 
								
				
				
			 
 
 
 
 
 
 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				