По шест години работење, Zoox го претстави првиот автономен Robotaxi.
Електричното возило е дизајнирано за четворица патници, а ќе „работи“ во густо населени урбани средини.
Robotaxi е долг 3,6 метри (малку помал од Mini Cooper) и може да маневрира на мал простор, без потреба да се движи наназад.
Елиминирани се „слепите точки“
Zoox наведува дека возилото на четири тркала е опремено со LiDAR систем и камери, со цел да се избегнат „слепите точки“ и потенцијалните ризици во сообраќајот, пренесува Business Insider.
Неговата максимална брзина е 120 км на час, а полна батерија (133 kWh) обезбедува 16 часа континуирано работење.
На следното видео, претставници на американската компанија ги откриваат најважните детали за Robotaxi:

