Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Подготвен за полетување – DIVO бубамарата на BUGATTI

Еторе Бугати еднаш изјави: „Ако е споредливо, тоа повеќе не е Bugatti“…

Еден колекционер на хиперавтомобили ја сфати оваа изјава буквално и ги наведе експертите на познатиот бренд, кои максимално се посветени за прилагодување, да создадат модел на Bugatti Divo за него, различен од било кој друг сопственик.

Ова интересно моторно возило на четири тркала, кое го доби името Lady Bug – Бубамара – има уникатен дизајн, инспириран од истоимениот инсект. Купувачот од територијата на Соединетите држави му дал задача на тимот на Bugatti да создаде „строга геометриска шема која се состои од дијамантски форми во уникатен контраст на боја“, така што неговиот Divo би разликувал од преостанатите триесет и девет што ќе се најдат на патот…

Како што се испостави, тоа не бил обичен потфат. Всушност, работата на овој проект траела околу две години и била толку напорна, што во еден момент Bugatti речиси ги крена рацете и го призна поразот. Најтешкиот дел од целата приказна е прецизната примена на интригантниот дизајн. Секој пат кога дизајнерскиот тим се обидувал да нанесе дијамантска скица на каросеријата на автомобилот, бојата се растегнувала целосно поради контурите и линиите на автомобилот, односно дигиталните рендери не одговарале на она што се гледа во реалниот живот.

„Поради природата на овој проект, каде што 2Д графиците го наоѓаат своето место во 3Д скулптурата, и по многу неуспешни идеи и обиди за апликација, ние скоро се откажавме и признавме дека не можеме да одговориме на барањето на клиентот“, објаснува Јорг Грумер, директор за боја на Bugatti Design.

За среќа, славниот бренд не се откажал. Наместо тоа, дизајнерите почнале внимателно да го модифицираат секој од 1.600 дијаманти за совршено да одговара на силуетата на автомобилот. Ова повторно била тешка задача, бидејќи само една грешка може да го уништи целиот дизајн. Кога оваа работа е завршена, конечниот дизајн се нанесува на фолиите кои подоцна ќе бидат фиксирани на автомобилот.

На почетокот на 2020 година, тимот се обиде да нанесе фолија на два тест автомобили за да се осигура дека нивниот процес е беспрекорно точен. Кога биле сигурни во секој свој потег, тие нанеле фолија на автомобилот на клиентот и поминале безброј дена проверувајќи ја и осигурајќи дека секој дијамант е поставен како што планирал.

На крајот, бубамара беше подготвена да добие слој од боја. Како што се очекуваше, тимот на Bugatti го направи процесот на фарбање рачно, и работеа на тоа цели две недели. Всушност, тие развија два специјални метални тона – Customer Special Red i Graphite производи за да создадат прекрасен контрастен ефект. И, конечно, бубамарата била подготвена за нејзиниот прв лет.

Со осумлитарски четири-турбо мотор W16 кој произведува 1.500 коњски сили, Bugatti Divo чини 5,4 милиони долари, без дополнителни опции – можеме само да замислиме колку требало клиентот да плати за својата Бубамара, со оглед на напорната работа. Хиперавтомобилот е ограничен на само 40 примероци, додека испораките ќе започнат многу брзо.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement