Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Откриваме: Ова е јахтата на која Џенифер Лопез го прослави својот роденден

Целиот свет зборува за Џенифер Лопез во изминатите неколку недели – или затоа што ја прекина веридбата со навидум совршениот Алекс Родригез и се вратила кај Бен Афлек, кој до неодамна се лекувал од опијати и алкохолизам, или поради тоа што изгледа едноставно беспрекорно и бомбастично, иако штотуку го прославила својот педесет и втор роденден…

Социјалните мрежи се преполни со фотографии на кои таа изгледа како милион долари, поради што многумина не би ни забележале дека таму е Бен Афлек, да не беше една фотографија на која тие се гушкаат. Џенифер не само што го прослави својот роденден на фантастична локација јужно од Франција, туку тоа го направи на прекрасна јахта која е совршена, како неа. Со хелиодром, совршено опремена палуба за сонце со базен и џакузи, оваа јахта вреди 130 милиони долари.

Јахтата на која Џеј Ло одлучи да организира роденден, без разлика колку била интимна, е долга 85,1 метри, и е дело на бродоградилиштето Lurssen. Изградена во 2011 година, јахтата е реновирана во 2019 година, кога исто така била опремена со најдобрите достапни удобности, кои имаат за цел да ги импресионираат луѓето од холивудската А листа, како Афлек и Лопез.

Valeri, како што се нарекува оваа јахта, има шест палуби поврзани со лифт, девет кабини и доволно простор за седумнаесет патници, со простор за 27 членови на екипажот. Еспен Оино и Рејмонд Ленгтон работеле заедно за да ја претворат Valeri во олицетворение на луксузот. Нејзиниот главен акцент дефинитивно мора да биде палубата за сонце со базен и џакузи, каде што исто така се фотографира и славниот пар.

Јахтата тежи 2.755 GT и е поделена на шест палуби и пет уникатни надворешни простори. „Додека шетате по јахтата, таа ви ги открива своите детали“, вели Паскал Рејмонд, дизајнер кој се погрижил за нејзината внатрешност.

Лондонската компанија била инспирирана од иконската стоковна куќа Claridges од Лондон, па тие насекаде инкорпорирале Арт Деко мотиви. Отворената трпезарија е одличен пример за ова тврдење и нуди доволно простор за дваесет гости.

Креаторите на јахтата сакале да создадат простор за сончање кој никој никогаш не би сакал да го напушти, па ја опремија со трпезарија, бар и споменатиот базен. Покрај тоа, јахтата нуди и формална трпезарија, која содржи вистинско цвеќе во месинг детали.

На горната палуба има стан на сопственик со дневна, која исто така игра улога на ложа и кино, додека кабините се наменети за деца, дадилки и членови на потесното семејство. Станот на сопственикот е поврзан со главната палуба со приватно скалило, и тоа е навистина иконска спална соба која содржи приватна тераса со џакузи и катче за појадок.

На крајот, можеме да кажеме дека максималната брзина на јахтата Валери е 17 јазли, и дека заради екскурзии до копното, доаѓа со два тендера од десет метри. Џеј Ло навистина знае како да ужива…

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
mrking   mrking   betcio   casibom   betlike   jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom