Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Огромна криза во автомобилската индустрија: Продажбата на нови автомобили во Европа не била толку лоша од 1996 година…

Во споредба со јуни минатата година, некои производители забележале пад на продажбата од речиси педесет проценти.Продажбата на нови автомобили во Европа го допре дното. Во текот на јуни се продадени само 1,06 милиони автомобили, што е најлош резултат за тој месец од 1996 година. Споредено со истиот месец лани, некои производители забележале пад на продажбата од речиси 50 отсто.

На пример, групацијата Volkswagen продаде речиси 25 отсто помалку автомобили овој јуни отколку во истиот месец минатата година, а Stellantis имаше пад на продажбата од 21,1 отсто во првата половина од оваа година во споредба со истиот период лани.

Продажбата на Volvo падна уште повеќе. Во однос на минатиот јуни продале 47,9 отсто помалку автомобили, а на ниво од првата половина од годината падот е 28,5 отсто. Во првите шест месеци од 2022 година, Jaguar Land Rover Group забележа пад од 34,7 отсто, што е највисок од сите производители.

Причините за катастрофалните продажни резултати се многубројни, но главната причина за падот беше недостатокот на чипови и недостигот на други материјали и компоненти предизвикани од прекините на синџирот на снабдување и војната во Украина. Самите купувачи се помалку избираат нови автомобили поради високите цени, инфлацијата и стравот од голема економска криза.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement