Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Новиот Citroën ги распамети клиентите: Целата серија се распродаде за само десет часа…

Францускиот бренд вели дека еден клиент бил толку заинтересиран што завршил онлајн трансакција за 70 секунди.

Мал електричен автомобил кој однадвор изгледа како играчка – распродаден за рекордно време.

Вкупно 800 примероци од специјалната серија на Citroën „My Ami Buggy“ ги најдоа своите клиенти во Европа за само 10 часа од отворањето на нарачките.

Францускиот бренд вели дека еден клиент бил толку заинтересиран што завршил онлајн трансакција за 70 секунди.

Citroën вели дека 800 од специјалното издание возила се продадени преку Интернет на клиенти во Франција, Италија, Шпанија, Белгија, Португалија, Велика Британија, Луксембург и Грција, а останатите 200 примероци ќе бидат понудени на клиентите во Турција и Мароко.

Иако првично беше дизајниран како концепт автомобил, фановите беа толку ентузијасти за целосно електричниот My Ami Buggy што Citroën одлучи да го пушти во ограничено сериско производство. Тој е ограничен на максимална брзина од 45 km/h, а досегот е околу 70 километри.

Испораките на новиот My Ami Buggy започнуваат во септември, а цените се движат од 7.790 до 10.450 евра.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement