Прекрасното ретро купе на Ferrari, моделот 375 America, е целосно подготвено да заработи милиони долари овој месец кога конечно ќе се спушти чеканот на аукцијата, а за тоа големо влијание има реномираниот производител на автомобилска каросерија…
Класичната убавина на италијанскиот производител е само една од трите од линијата што го имаат легендарното тело на компанијата Carrozzeria Vignale. Ferrari 375 America за прв пат беше претставен во 1953 година и излезе во ограничено издание на само 11 варијанти на купе и една кабриолет, а до денес се смета за едно од најбрзите, најексклузивните и најскапите возила во својата ера. Студиото Pininfarina е одговорно за рачно креираните детали за осум од овие модели, додека Vignale го презеде проектот на другите три, вклучувајќи ја и оваа ексклузивна копија што сега ви ја претставуваме.
Vignale презеде луксузен и футуристички пристап кон стилизирање на своите автомобили America 375, додека Pininfarina релативно го втемели и рафинираше својот проект. Овој специјален модел е реткост, со број на шасија 0327 AL—sports и fastbek, се одликува со карактеристична структура на покривот и голем полукружен ветробранско стакло одзади, заедно со иновативни доводи за воздух, филтри за воздух и хромирани ребра.
Она што најмногу го одделува од другите модели е прекрасниот преден дел, кој има голема хромирана маска, и модерна и прилично елегантна. Ова купе е завршено со препознатливата двобојна, бургундска и сребрено/сива комбинација на бои на Vignale, што само го нагласува неговото елитно потекло и исклучителна реткост. Од друга страна, беж ентериерот е во комплет со прекрасни дрвени завршетоци, со волан и неверојатни ретро часовници.
Под хаубата на овој модел има спортски spidster V12 мотор, со зафатнина од 4,5 литри, развиен специјално за трки, задолжен за создавање 296 КС, кои ги испраќа на задната оска преку четиристепен менувач.
Покрај сè, ова gran turismo има и богата историја зад себе. Претставен е од двете страни на Атлантикот во 50-тите години на минатиот век, најпрво во Њујорк, на настанот New York World Motor Sports Show, а потоа и во Европа, на салонот во Женева. По европската премиера, овој прекрасен автомобил заврши во гаражата на Роберт Вилке, познат натпреварувач и ѕвезда на своето време, кој ја доби како награда по трката во Модена.
Неверојатното купе смени уште неколку сопственици, пред да заврши кај добро познатиот американски колекционер Том Прајс. Во поновата историја, овој автомобил беше претставен на XX Cavallino Classic во Палм Бич во јануари 2011 година, а кратко потоа, целосно е освежен и продаден на сегашниот сопственик. Денес, овој модел сè уште има совршен изглед, е во одлична состојба и доаѓа со мала километража, што само докажува дека бил третиран правилно многу години.
Овој неверојатен купе модел Ferrari 375 America, од 1954 година, компанија Vignale, може да заработи приближна бројка од 2,4 до 3,4 милиони долари, но и многу повеќе, кога ќе заврши аукцијата што ја изведува RM Sotheby во Аризона на 22 јануари.
