Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Најскапиот подарок за Денот на вљубените – Bugatti Chiron во розова боја

И покрај тоа што Денот на вљубените заврши, многумина од нас се уште се импресионирани од подароците или гестовите што се добиени, како знак на посветена љубов…

Повеќето луѓе на планетата би скокале од радост кога би добиле подарок Bugatti, но во паралелниот универзум на најбогатите, ситуацијата е сосема поинаква. Така една млада дама добила поклон розово-бел Bugatti Chiron како подарок од својот љубовник. Алис е уникатен модел на Bugatti Chiron Sport кој нејзиниот сопруг го нарачал специјално за неа, а што е уште поинтересно, во свилена розова нијанса никогаш не била користена на ниту еден модел на Bugatti.

Јасно ни е – ерата на романтичната вечера под светлоста на свеќа, цвеќиња и чоколади е веќе поминато, освен ако сите овие додатоци не беа безбедно вметнати во багажникот на овој суперавтомобил. Со цена од 3,3 милиони долари, моделот е нарачан од H.R. Owen во Лондон, а сопственикот тесно соработуваше со дизајнерите на брендот од Франција за совршено да ја воодушеви својата сопруга со креацијата.

Идентитетот и на господинот кој го нарачал овој модел и на неговата сопруга останаа обвиткани во тајност – иако можеме да претпоставиме дека нејзиното име е Алис, бидејќи е отпечатено на потпирачите за глава на седиштето.

Кен Чу, извршниот директор H.R. Owen од изложбениот салон изјави: „Чест ни е што игравме важна улога во поврзувањето на нашиот клиент со неверојатниот модел Chiron Sport. Клиентот со нас контактираше со јасна естетска визија и ние сме воодушевени што можеме да одговориме на сите негови потреби и да го создадеме најамбициозниот модел досега “.

Што ќе ѝ поклони господинот на својата драга следната година, останува да видиме.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement