Моделот Sabre е направен исклучиво за американскиот пазар…
McLaren Beverly Hills неочекувано го претстави најмоќниот нехибриден McLaren во светот, кој се напојува со twin-turbo V8 мотор, со јачина од 824 КС!
Моделот Sabre е направен исклучиво за американската клиентела (вкупно 15 примероци) и прилагоден на локалните стандарди. Неговата максимална брзина е 350 км на час.
Целата серија беше распродадена, а на сопствениците претходно им било дадена можност да ги тестираат своите нови „миленичиња“ за време на тајната презентација во Калифорнија.
Агресивен дизајн
Техничките детали не се познати, но фотографиите откриваат агресивен дизајн, и врата што се отвора нагоре, пренесува Road and Track.
Јасно е дека британските дизајнери ги задоволија екстравагантните вкусови на клиенти со длабоки џебови.
Компанијата не ја објави цената на овие спортски машини, а претставништвото на McLaren Beverly Hills во блиска иднина ќе ги испорача првите примероци на Sabre.