Firenze Lanciare е сон на секој љубител на суперавтомобили, кој сака височини. Станува збор за хибрид на необични перформанси, а неговиот производител тврди дека ќе надмине бројни конкуренти.
На асфалтот, автомобилот се напојува со два електромотори Тесла, со вкупна моќност од 1.000 КС, а „стотката“ ја достигнува за помалку од 4 секунди, побрзо од Lamborghini.
Ситуацијата драматично се менува кога ќе ги рашири крилјата („скриени“ во структурата на подот). Тогаш стартуваат двата турбо мотори Williams FJ-33! Firenze Lanciare има резервоар од 1.100 литри и „небесна“ автономија од 1.360 километри. Лета со брзина од 830 км/ч.
Луксуз во секој поглед
Воздухопловната индустрија има големо влијание врз дизајнот на овој суперавтомобил, како и на системите што ги користи, или на земја или во воздух. Особено е интересно што му требаат 760 метри патека за да полета.
За разлика од минимализмот, кој доминира во кабините на повеќето „летачки автомобили“, производителот на моделот Firenze Lanciare не штедеше. Тука се кожни седишта, звучна изолација, heads-up дисплеј и друга опрема, карактеристична за луксузните седани.
На следното видео, ќе научите други важни детали за италијанската убавица, како и проценки за тоа кога ќе започне производството.
