Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Корејските власти ги казнија Audi, BMW и Mercedes поради измама…

Јужна Кореја ги казни германските производители на автомобили со вкупно 33,5 милиони долари.

Како што објави Reuters,Јужна Кореја ги казни производителите „за манипулација со податоците за емисиите на гасови“. Според резултатите од истрагата, германските компании имале таен договор да инсталираат софтвер кој создавал лажни податоци за емисијата на штетни гасови, а со тоа „го попречувал развојот на нови дизел автомобили кои би биле помалку штетни за животната средина“.

Германските производители одбиваат да ја признаат одговорноста.Mercedes тврди дека соработувал со сите регулаторни тела и затоа нема да ја плати казната: „Случајот се однесуваше на истите факти кои беа предмет на истрага на Европската комисија, по што Мercedes не мораше да ја плати казната. Имајте предвид дека немаше договори или размена на информации за цените, обемот или уделот на пазарот тие не беа дел од истрагата“, рече портпаролот на  Mercedes-Benz.

За потсетување, во постапката на Европската комисија од 2021 година,BMW и Volkswagen беа казнети поради договор за употреба на технологии за почисти емисии, во износ од 875 милиони евра. Минатата година Mercedes беше казнет со 11,5 милиони евра во Кореја поради лажно рекламирање поврзано со емисиите на дизел автомобили.

Audi, BMW и Volkswagen сè уште не се изјасниле за ова прашање.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement