Ако го прашате јутуберот по име Street Speed 717 – цената што тој треба да ја плати е обвинение од 18 точки …
Пред неколку месеци, овој јутубер објави видео каде што неговиот нов модел Ram TRX со 702 коњски сили го прескокнува потокот и апсолутно го уништува, за да добие повеќе прегледи на неговиот канал, нови следбеници, лајкови и коментари. Богатите деца кои уништуваат скапи возила за да привлечат внимание станаа практично вообичаени и здодевни – сетете се на руските ултрабогати инфлуенсери кои уништија сосема ново Porsche Taycan, запалија Mercedes-AMG GT 63 SС и фрлија AMG G63 SUV од хеликоптер само поради таа цел?
Луд Русин фрли G класа од хеликоптер
Сепак, се чини дека американскиот јутјубер, чие вистинско име е Мајк Хисонг, успеа да изврши неколку злосторства на патот до славата со снимање на неговиот потфат. Каналот на Мајк има повеќе од 1,1 милион следбеници, а тој е познат по создавањето на такви видеа – во едно го прескокна својот Ford F-150 Raptor со моделот Hummer, но сега тој за првпат е забележан од властите заради неговото лудило.
Сè за прегледи и лајкови: Рускиот јутубер повторно уништува скапоцен автомобил
Според Мајк, поради неговото последно видео, Комисијата за риболов на Пенсилванија поднесе обвинение против него со 18 точки, вклучувајќи две точки за попречување на протокот на вода, шест точки за загадување, шест точки за неправилно отстранување на отпад и четири точки за движењето на моторното возило преку потокот.
Само во Русија: блогер го запали својот Mercedes-AMG GT 3
Јутубер се обиде да го оправда својот потфат говорејќи дека тоа го извршил на приватен имот и никако нè наштетува на природната средина. Исто така, тврди дека од неговото возило ништо не протекло во потокот, што потенцијално би можело да им наштети на рибите: „Плаќам стотици илјади долари данок буквално и не сакам бесплатни работи. Само сакам да ме остават на мира, но владата не може да оди против себе. Мислам дека тие навистина се обидуваат да најдат нешто што ќе ми наштети, но не можат да го сторат тоа, бидејќи сè беше снимено и 1,6 милиони луѓе го погледнаа видеото“.
Мајк во моментов се обидува да ја изедначи ситуацијата со своите адвокати и ветува дека ќе продолжи да создава слични содржини и во иднина.
