Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Кинескиот ривал на Tesla

Пристигна новиот кинески електричен автомобил.

Долго време чекавме за кинескиот производител NIO да го лансира својот електричен седан. Неговото име е ET7 и се стреми да биде главен ривал на моделот S на Tesla.

Во Кина се продава за 378.000 јуани, што е околу 58.380 долари, но тоа е без батерии, кои се можеби најскапиот дел од автомобилот. Кога ќе ги додадеме батериите, автомобилот чини околу 448.000 јуани или 69.200 долари.

Задните светла се во форма на „срцеви отчукувања“, има и стаклен покрив, седиште со грејачи и масажери и напред и назад, а има и одличен аудио систем.

Неговата батерија е околу 70 kWh и од полнење може да поминете околу 500 km, додека околу 700 km може да се покријат доколку купите модел со батерија од 100 kWh, додека со батерија од 150 kWh ќе можете да поминете околу 1.000 km.

Во однос на моќноста, автомобилот има 644HP и 850Nm максимален вртежен момент, додека за 3,9 секунди достигнува „стотка“.

Подготвивме и неколку фотографии – уживајте

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement