Ferrari Enzo е произведен во само 400 примероци.
Покрај тоа, првпат во јавноста е прикажан на патеката Нирбургринг, кога во него настапи славниот германски Формула Еден возач Михаел Шумахер.
Enzo Ferrari е многу брз автомобил според денешните стандарди, постигнувајќи брзина од 0 до 100 км/ч за нешто повеќе од три секунди, додека неговата најголема брзина е 350 км/ч.
Го придвижува 6,0-литарски V12 мотор кој произведува 651 коњски сили и 485 Nm вртежен момент, а шест-брзински мануелен менувач е задолжен за пренесување на моќноста на задните тркала.
