Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Италијанската автомобилска марка воведува најдолга гаранција во автомобилската индустрија…

Дали ова ЌЕ отфрли уште еден стереотип, оној за несигурноста на италијанските автомобили?

Тешко, бидејќи тоа е Maserati, бренд чии производи малкумина можат да си ги дозволат, но сепак е важно што е направен првиот чекор. Впрочем, ваквата одлука јасно укажува на подготвеноста на италијанскиот производител за длабоки промени.
Не многу брендови се подготвени да понудат десетгодишна гаранција.

Токму така, Maserati одлучи да понуди дополнување на стандардната гаранција од четири или пет години нудејќи услуга на продолжена гаранција, со што ќе застане покрај брендовите со најдолга гаранција предводени од оние од Кореја и Јапонија.

Тоа е програма за гаранција Extra10, која ги опфаќа погонските компоненти, вклучувајќи го моторот и менувачот. Исто така, во програмата е вклучена и услугата за подигање на автомобилот и негово враќање од сервис на домашна адреса.

Новата гарантна услуга ќе се нуди од 1 октомври на одбрани пазари. Не е познато дали ќе биде достапен на претстојните електрични модели, вклучувајќи го и електричниот GranTurismo наречен Folgore.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement