Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Збогум BUGATTI CHIRON: Светот доби нов најбрз автомобил

Кралот е симнат од престолот – крајот на неговото владеење „Bugatti Chiron Super Sport 300+“, кој беше најбрзиот автомобил во светот.

Заменет е со SSC Tuatara, кој е крунисан за најбрз автомобил во светот, со просечна брзина од 532 километри на час. Максималната брзина на моделот Bugatti Chiron од 490 километри на час, каде многумина се прашуваа, вклучувајќи го и Џерод Шелби, основач и извршен директор на SSC, бидејќи автомобилот успеа да ја развие таа брзина во само една насока, со дополнителни модификации. Како и да е, во секој случај, американскиот суперавтомобил апсолутно ги собори рекордите на брзина на „Bugatti“, успевајќи да развие брзина од 532 километри на час во една насока.

Овој рекорд бил постигнат на State Route 10 во Невада, близу Лас Вегас, што повторно влијае на носителот на рекордот бидејќи Bugatti го претстави овој потфат на затворена тркачка патека. Tuatara го сруши рекордот на истата локација каде Koengisegg го постави својот рекорд на брзина пред три години.

Според наводите, SSC Tuatara е тежок само 1247 килограми и се напојува со 5,9-литарски твин-турбо V8, кој произведува 1750 коњски сили. ССЦ отиде во двата правци, што е во согласност со критериумите наметнати од Гинисовата книга на рекорди.

Top Gear дури објави и видео запис за постигнување на оваа неверојатна цел, додека документарец на оваа тема ќе биде објавен малку подоцна. Дали Bugatti ќе се побуни против ова соборување на тронот останува да видиме, но слободно можеме да кажеме дека SSC Tuatara автомобилот засега е безбеден на своето место, освен ако Koengisegg не го изненади!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement