Фантастичен концепт на германската компанија Hookie…
Поминаа 50 години откако НАСА испрати електричен ровер на Месечината, кој три часа крстосуваше по карпестата пустелија, во јули 1971 година.
Американската агенција е зафатена со работа на проектот „Артемис“ и повторно освојување на Земјиниот сателит, па повторно се поставува прашањето за транспортот.
Германската компанија Hookie претстави визија за лунарен мотоцикл, кој би превезувал астронаути со брзина до 15 km/h.
Лесни материјали
Именуваното возило „Тардигрејд“ е инспирирано од малите безрбетници кои поседуваат неверојатна моќ, еднаква на феномените од научната фантастика.
Концептот вклучува ултра лесни материјали, па така тежината на мотоциклот е само 134 килограми.
Безвоздушните гуми се поставени на алуминиумска рамка, додека корисникот може да пренесе и дел од опремата.
Голем опсег
Пакетот батерии би му овозможил на мотоциклот автономија до 110 километри, а едноставно би се расклопил за да заштеди простор.
За жал, електричниот „Тардигрејд“ нема да заврши на Месечината, туку во познатиот автомобилски музеј Петерсен во Лос Анџелес.
Фантастичниот концепт обезбедува визија за иден дво тркала кој еден ден би можел да ја освои површината на Месечината.

