Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Ех, тие Норвежани – веќе купија 1.000 електрични автомобили Porsche

Благодарение на бројните државни стимулации, но и на високиот стандард на населението, Норвешка со години води во Европа по бројот на електрични автомобили на патиштата.

Скоро секој нов електричен модел што се појавува на тој пазар доживува успех во продажбата. Така беше прво со дебито на Nissan, моделот Leaf, продолжи со автомобилите на Tesla, а во последните неколку месеци на норвешкиот пазар, електричниот Volkswagen ID.3 постигна одлични резултати.

Сега е ред на Porsche да се пофали дека веќе доставил 1.000 модели Taycan на Норвежаните.

Успехот е уште поголем ако се знае дека се работи за автомобил чија почетна цена е околу 100.000 евра, а некои верзии чинат над 180.000 евра.

Исто така, важно е да се напомене дека пред појавата на Taycan, бројот на автомобили Porsche продадени во Норвешка на годишно ниво броело околу стотина. Затоа, не е изненадувачки што во 2020 година, производителот од Штутгарт ја удвои продажбата во оваа скандинавска земја во споредба со 2019 година.

Porsche Taycan дебитираше есента 2019 година, а во салоните пристигна оваа година. Достапен е во три верзии – 4C, Turbo и Turbo S.

Врвниот модел, Turbo S има 761 КС (560 kW) и 750 Nm, забрзува од 0-100 km / h за 2,8 секунди.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement