Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Ердоган ја возеше гордоста на турската автомобилска индустрија, електричниот Togg…

Во Турција владее вистинско бунило за новиот домашен модел.

Неговото име е Togg T10X, а првиот пример веќе пристигна на патиштата. Го возеше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој не го криеше ентузијазмот за новиот автомобил од домашниот производител: „Проектот беше лансиран во 2019 година,а сега имате сериска верзија на паметено возило пред вас. Овој автомобил ќе не направи горди.Тogg ќе биде симбол на технолошкиот напредок на нашата земја, економскиот развој и глобалниот престиж.Ќе видите многу од нив на нашите патишта“.Колку интерес има за турскиот електричен SUV доволно говори и фактот што за само три недели го резервирале 177.400 клиенти, дознава Daily Sabah. Дефинитивно респектабилна бројка за компанија без претходно искуство во производство на автомобили.Годинава наместо планираните 12.000, ќе се произведат 20.000 примероци.

За потсетување, моделот го придвижува електромотор со максимални 218 КС и 350 Nm, што овозможува пристојни перформанси. На пример, спринтот до 100 km/h трае 7,4 секунди, а досегот е 314 со помалиот (52,4 kWh) и 523 km со поголемата батерија од 88,5 kWh. Батеријата може да се наполни од 20 до 80 проценти од капацитетот за половина час.

И не завршува тука бидејќи Togg, како и концернот VW, ќе понуди и верзија со два електромотори, што освен погон на сите тркала би значело максимални одлични 435 КС и 700 Nm. Во овој случај, спринтот до 100 km/h трае 4,8 секунди.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom