Дизајнерите размислувале и за тоа дека склопениот скутер може лесно да се помести – доволно е да го повлечете за рачката и да го однесете каде што имате намера…
Tatamel, нов електричен скутер развиен од јапонската старт-ап компанија Icoma, ги решава сомнежите како да го зачувате миленичето од кражба – можете да го ставите под канцелариското биро, со кое убаво ќе се вклопи благодарение на специјалниот дизајн.
Склопениот електричен скутер, кој изгледа како парче мебел, е долг само 700 cm, висок 680 cm и широк 260 mm. Дизајнерите долго време размислувале дека склопениот скутер може лесно да се помести – само повлечете го за рачката и однесете го каде што сакате.
По расклопувањето, Tatamel се протега до димензии од 1230/1000/650 mm. Се напојува со мотор од 600 вати, кој има максимална брзина од 40 km/h со максимален опсег од околу 50 km без полнење.
Како изгледа електричниот скутер на Icom, погледнете во видеото.


