Поминаа шест и пол децении откако првиот Фолксваген Карман Гиа излезе од својата фабрика во Оснабрик, Германија.
Идејата за спортскиот модел базиран на „бубата“ потекнува од германската компанија „Карман“, која се занимаваше со производство на каросерии на автомобили.

Сепак, за дизајнирање на возилото бил ангажиран Италијанец, Луиџи Сегре, од торинската куќа „Карозерија Гија“ (оттука и името на моделот „Карман Гија“).
Купето што произлезе од оваа соработка имаше елегантни спортски линии и карактеристична силуета.

Бидејќи прототип автомобил беше успешно претставен на салонот во Париз во 1953 година, тогашниот шеф на Фолксваген, Хајнрих Нордхоф, беше воодушевен, па наскоро започна и сериското производство.
Се покажа дека VW Karmann Ghia беше полн погодок, па затоа во 1957 година беше понуден во кабриолет варијанта.

За помалку од две децении – автомобилот беше произведен од 1955 до 1974 година – 440 000 единици излегоа од фабричките шини, од кои околу 80 000 беа кабриолети.
Интересно, кога се појави во продажба во 1955 година, Карман Гиа беше само третиот модел во историјата на Фолксваген, по познатата „буба“ и комбето Тип 2.

Иако имаше дизајн на спортски автомобил, VW Karmann Ghia беше со километри далеку од спортските перформанси.
Првично, тој беше придвижуван од скромен „буба“ мотор од само 36 коњски сили. До крајот на производството, 1974 година, автомобилот постојано се подобруваше, па затоа имаше 61 КС.

