Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Дали е можно да се направи пристоен електричен автомобил вреден 8.000 евра? (Видео)

Еден од најголемите недостатоците на електричните модели е што тие се уште се премногу скапи, дури и кога станува збор за градските автомобили.

Не кога станува збор за кинеските електрични возила, кои се значително поевтини од еквивалентните европски. Сепак, се поставува прашањето дали нивната ниска цена е последица на компромис со квалитетот.

Сведоци сме дека производството на електрични модели цветаше во Кина во последните неколку години, а некои од нив пристигнаа и во Европа.

Baojun E300 не е за сега, но овој мал градски електричен автомобил дефинитивно заслужува внимание.

Fully Charge го тестираше ова возило во Шангај, а впечатоците може да ги видите на видеото на крајот од текстот.

На кратко, станува збор за автомобил на заедничка компанија од три производители SAIC, General Motors и Wuling.

Се произведува во две верзии – пократка од 2,62 метри, и подолга од 2,9 метри. Цената на помало возило започнува од 8.200 евра, а на поголемо од 10 700 евра.

Автономијата при возење со полна батерија според NEDC стандардот е до 305 км, во реалноста е нешто помалку.

Погонот користи електромотор од 56 КС (40 kW), а силата се пренесува на задните тркала, максималната брзина е 100 км на час, што е сосема доволно за градски услови за возење, па дури и за пократки патувања.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement