Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Бизарност на сосема ново ниво: Европската унија забранува Ролс Ројс

Ако случајно имате автомобил Ролс Ројс и живеете во рамките на Европската унија, имаме лоши вести за вас…

Прекрасната, осветлена декорација на аспираторот „Spirit of Ecstasy“ е ставена на списокот на недозволени додатоци и е забранета од Европската унија, според нивниот последен пакет правила. Верзијата на славниот украс што сјае во темница беше лансирана пред неколку години, и се смета за трендовски додаток што го обожаваат клиентите на славната марка. Блескавата транспарентна фигура со ефект на ледено стакло се осветлува кога го активирате клучот од вашиот автомобил и кога тој не е во движење. Сепак, Европската комисија и нивниот став по прашањето на „загадувањето на светлината“ одлучија да го стават на списокот на нелегални додатоци.

„Во февруари 2019 година испративме писмо до нашите дилери, во кое им објаснивме дека ја отстрануваме опцијата за неосветлено украсување Spirit of Ecstasy. Веќе нема да биде на продажба и не е достапен во списокот со опции. Сега, мора да им кажеме дека мораат да го исклучат овој украс што сјае толку деликатно, заради новите регулативи “, изјави портпаролот на брендот Ролс Ројс.

Како што дознаваме, величествената марка ќе ги врати парите на сите клиенти кои ја купиле осветлената верзија и ќе ги замени со сребрена. Цената на забранетото украсување е околу 4.500 евра, но на веб-страницата можете да видите дека е достапна само на барање.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement