Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Ауди подготвува изненадување: Најавија инвестиции во класата од која Мерцедес се откажа (видео)

Ауди наскоро ќе се сврти кон сегментот на премиум пикапи, а нивното возило на четири тркала ќе им конкурира на Тојота Хилукс и Форд Ренџер!

Шокантната информација доаѓа од извршниот директор Маркус Дусман, која ја откри за време на годишната прес-конференција. По тој повод, потсетуваме, беше претставен и концептот „Audi A6 Avant e-tron“.

Запрашан за можен пикап во иднина, Дусман одговори: „Не можам да ветам дека ќе направиме таков модел, но разгледуваме опции“.

Други детали не се откриени, иако извршниот директор на Ауди додаде дека наскоро можеме да очекуваме концептно возило, пренесува специјализираниот портал Autocar.

Потсетуваме дека во 2019 година компанијата го претстави футуристичкиот теренец AI: Trail со автономен систем за управување (Ниво 4), а овој четири тркала би можел да биде основа за пикап.

Различни опции
Исто така, постои можност Ауди да произведе сопствена верзија на Фолксваген Амарок, која се базира на Форд Ренџер, или да ја користи постоечката MEB платформа на германскиот гигант.

Не треба да се заборави дека Ауди развива PPE платформа со Порше, која поддржува погон 4×4, што би било идеална основа за нивниот пикап.

Ако ги спроведе плановите (електричен модел или со класичен мотор), Ауди ќе биде првиот премиум производител од Германија кој ќе лансира пикап после Мерцедес и нивната X-класа.

Потсетуваме дека робусната серија „живееше“ само две години, по што беше повлечена од производство поради слабата продажба.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement