Френк Синатра никогаш не бил премногу верен на својата сопруга Ненси со која имал три деца, но никогаш не ни помислувал да ја остави заради една од неговите љубовнички. Сѐ додека не се појавила љубовта на неговиот живот, женската верзија од него, Ава Гарднер.
Ава и Синатра се запознаа кога таа имала само 18 години и само што ја започнала својата кариера. Во тоа време била омажена за Мики Руни, и иако Синатра веќе сметал дека е една од најубавите жени што некогаш ги видел, таа сепак била премлада за него, па не помислувал дека тие двајцата некогаш ќе бидат заедно. Сепак, скоро шест години подоцна, по разводот со Руни и нејзиниот втор сопруг Арти, тие повторно се сретнале на забава.
- „Знаев дека е оженет и, навистина, оженетите мажи не стојат добро на мојата скала, но тој беше убав, шармантен и очигледно фасциниран со мене“, рекла таа подоцна.
Таа вечер отишле на пијачка и подоцна завршиле во неговата соба. Постојат гласини дека, иако не се двоумела со другите мажи, Ава Гарднер не му попуштила на Синатра таа вечер. Тој ја одвел дома и така завршила таа ноќ.
Поминале неколку месеци пред тие повторно да се сретнат, но ниту времето не ја запрело заедничката фасцинација. “Двајцата бевме љубоморни, импулсивни. Кога ќе изгубам нерви, готово е. Па таков е и тој”, рекла Ава за нивната врска.

На почетокот, Ава не верувала дека ќе ја напушти сопругата поради неа, но тој навистина го сторил тоа. Тој наводно ја донел во куќата во која живеел со Ненси да присуствува во моментот кога тој и рекол дека сака развод.
Сакале забави, алкохол, цигари и музика. Тие ја мразеле осаменоста, обожавале секс и двајцата ненормално се плашеле од смртта. Тие биле потполно исти. Се венчале во 1951 година, таа имала 28, а тој 35.
Иако била луда по Френк, познато било дека Ава го изневерува. Особено кога морала да патува поради работа. “Ава ја мразеше осаменоста, таа никогаш не можеше да биде сама. Постојано бараше некој да ѝ прави друштво”, рекол еден од членовите на филмскиот сет кој работел со неа. Наводно била со режисерите, но и со техничарите и другите членови на сетот. Нејзе и ’било само важно да не остане сама.
“Таа имаше проблеми со врзувањето. Ако некој човек се заљуби во неа, таа ќе возвратеше со иста мерка, но наскоро ќе изгубеше интерес”, открил нејзин познаник.

Френк постојано се плашел да не ја изгуби, му пречеле мажите со кои била пред него, а се плашел и од мажите со кои работела. „Тие си фрлаа работите едни на други низ прозорецот, врескаа едни на други, сето тоа од љубомора“, рекле подоцна нивните познаници.
Сепак, и Синатра бил сличен. Неговите пријатели тврделе дека тој не можел да спие ако нема жена покрај себе во кревет. Ава билс на врвот на својата слава, додека Синатра станувал уште попосесивен и уште позавиден. Сепак, нивните познаници тврдат дека токму тој инвестирал повеќе во нивната врска. „Беше себична, гледаше само за себе, а тој вложи многу во тој брак“, тврделе тие.
Ава била таа што одлучила дека е време за развод. Таа наводно рекла дека тој повеќе не може сексуално да ја задоволува. Тој бил очаен, двапати се обидел да си ги пресече вените, но таа не се тресела поради тоа. Таа дури и не го посетила во болница.

Сепак, по разводот во 1957 година, таа рекла: “Никогаш не сум била посреќна отколку во бракот со Френк. Ако се омажам повторно, би се омажила само со него. Ако сакав да го делам со други жени, ќе бевме среќни”.
Дури и по разводот, тие редовно се слушале. Ава почина во 1990 година, а Френк осум години подоцна. Неговата ќерка Тина подоцна откри дека тој никогаш не ја преболел нејзината смрт.
