Зоолошката градина во Варшава објави дека ќе започне да им дава медицинска марихуана на слоновите, како дел од пилот-проектот што ќе тестира како тоа влијае на стресот и вознемиреноста што ги чувствуваат како резултат на движење во ограничен простор.
Медицинска марихуана веќе се користи во некои делови на светот за лекување на кучиња и коњи, но ова е првпат некој да се обиде да им го даде на слоновите, велат ветеринарите кои го спроведуваат проектот, пишува Гардијан.
Тие истакнаа дека ќе се обидат да најдат нова природна алтернатива на веќе постоечките методи за борба против стресот.
Стадо слонови во таа зоолошка градина неодамна остана без алфа женка, а нивото на стрес кај слоновите се мери со следење на нивните хормони, како и однесување.
