Време е да се вози скејтборд со стил.
Правејќи го она што најдобро го прават, брендот Версаче скоро лансираше ексклузивен скејтборд, што е вистинско почитување на кралскиот начин на живот. Овој спортски додаток со цена од 795 долари, донесе со себе дизајни во грчки стил, заедно со акценти во златна боја.

За разлика од обичните скејтборди, кралската даска Версаче е украсена со интригантни графики на бела основа. Во срцето на скејтот, можеме да го видиме иконското лого на брендот Медуза, кое е опкружено со кружни обрасци на бисери, венци и цвеќиња. Графиката понатаму содржи црни акценти, заедно со мотиви на венци и круни.

Уникатниот спортски додаток се произведува со употреба на високо квалитетно дрво, се разбира во Италија. Секако, ова е идеален подарок за љубителите на спортот или за колекционерите на необични луксузни ситници, кои сакаат да поседуваат необични работи. Ексклузивниот скејт Версаче може да се набави преку нивната веб-страница, а како што наведовме, неговата цена е 795 евра.

