Ни делува речиси не возможно да уживаме во момент на мир додека глобалната пандемија се уште го освојува светот…
Едноставно не можеме да ги исчистиме својот ум од сите информации кои ги добиваме, со кои сме бомбардирани секојдневно. Сепак, Јапонците пронајдоа генијална опција за сите овие проблеми – дигитална бања. Сега можете да се опуштите во програми каде што се гледа изгрејсонцето, без притоа да го напуштите својот дом.
Благодарение на група на сопственици на ryokan од градот Арима, кои започнаа да делат со своите фанови VR снимки од своите топли бањи, можете да уживат исто како да се наоѓате таму. Понудени се четири YouTube канали во овој момент, а секоја снимка, ви дава можност да се опуштите во поглед кон вода, додека цветови од вишни се нишат на ветерот.
Како тоа всушност функционира? Па ќе ви треба пар VR наочари и када. Наполнете ја кадата со топла вода и пена по ваш избор, а потоа изберете своја омилена сцена преку YouTube платформата и влезете во универзумот на мир и тишина.
