Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Том Круз сака да ја врати Сури во Скиентолошката Црква! Претстои голема борба во периодот што следи..

Лиа Ремини е уверена дека Том Круз чека неговата ќерка Сури, која има 14 години, уште малку да порасне, па да индоктринира со скиентологијата.

„Скиентологијата ја смета Кејти за супресивна личност, односно за непријател на заедницата и на учењето, па затоа истото мислење го дели и Том Круз, кој сѐ уште не ја гледа својата ќерка, поради тоа што таа живее со својата мајка. Сигурна сум дека неговиот мастер-план е подготвен и чека да го оствари штом Сури порасне, како би можел да ја оттргне од нејзината мајка и да ја вовлече во скиентологијата“ – вели Лиа Ремини за The Post.

Педесетгодишната актерка, која беше дел од оваа црква, признава дека и таа била изненадена кога во 2012 Кејти Холмс одеднаш го напушти Круз.

„Ја познавав Кејти во времето кога беше таму и изгледаше дека е упатена во светот и животот на Том, но, како што поминуваше времето, и мене ми беше јасно дека сето тоа што го направи, го направи за да ја заштити својата ќерка.“

Освен тоа, Ремини изјавила дека е неверојатно горда на Кејти што ја заштитила својата ќерка од нешто што би било многу опасно не само за Сури, туку и за нивниот однос.

Лие Ремини е дел од скиентолошката заедница од свои девет години, кога нејзината мајка стана дел од истата, а ја напушти во 2013 година, по своја желба. Две години подоцна ги издаде своите мемоари, а до денешен ден, заради нив, е во конфликт со Скиентолошката Црква и нејзиниот предводник, Дејвид Мискавиг.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement