Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Summer is Calling: Како славните го поминуваат жешкото лето?

На сите тоа ни се случува: со нетрпение чекаме викенд, одмор или малку слободно време, а потоа кога конечно ќе го добиеме, се случува следната ситуација – не знаеме што да правиме! Значи, ако ви треба инспирација како да ги поминете жешките денови, побарајте ја меѓу нашите омилени sвезди. Псст, летните спортови се очигледно тренд број еден, и еве како познатите се справуваат со овие активности.

Џеј Ло својата летна занимација ова лето ја пронашла на даска за сурфање, но ние се извинуваме, навистина мора да го коментираме нејзиниот целосен изглед! И кога го кажуваме тоа, не знаеме дали да ја коментираме фигурата или совршениот костим за капење! Патем, едноделните костими за капење се особено популарни оваа сезона, но судејќи според овој пример, тие можат да изгледаат исто толку предизвикувачки.

Како да е инспирирана од латино дивата, Кендал Џенер исто така побарала засолниште од топлината во водата, покажувајќи интересен модел на костим за капење. Ова е една од оние што би сакале да ги носиме со шорцеви, од утро до вечер!

Манекенката Лејн Линдел се обидела со сурфање и судејќи според изразот на лицето, се чини дека навистина и се допаднала оваа спортска активност.

На копно, исто така е подеднакво „жешко“! Алесандра Амбросио уживала во одбојката на плажа, додека истовремено привлекувала внимание и со својата фигура и со впечатливиот костим за капење. Не знаеме за вас, но ние веќе сега планираме шопинг за едно вакво извондредно парче облека!

Уште еден летен спорт со кој можете да играте на песок е тенисот, а ние ја крадеме идејата од бразилската манекенка Изабел Гуларт. Добро, сега едноставно ни недостасува плажата!

Манекенката Дауцен Крос ги „скејтала“ улиците на Мајами, но за потребите на фотографирањето. Сепак, тоа не не’ спречува да размислуваме за слична активност за време на жешкото лето!

Рис Витерспун останала цврсто на земја избирајќи добра стара патека. Не е баш начин да се разладите, но е начин да придонесете за вашата добра форма.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement