Есенцијалниот дизајн од едната, важните волумени од другата страна-ова ја претставува добитната комбинација во основата на проектот Royale, кој го дизајнише Marco Fabricio Korti за брендот Rastelli…
Кујната која настанала со неговата работа поседува силен визуелен впечаток, композициона и организациона слобода, како и цела низа бои и завршници. Една од најиконските композиции на Royale моделот ни сугерира силно чувство на солидност: дополнителниот складишен простор и екстремно линеарните модели станаа амбасадори на вонвременската убавина и стилот, кои можат да го надминат било кој тренд без разлика на времето кое постојано се движи.
L-обликуваниот централен остров нуди изобилство работна површина, заедно со просторите за припрема на храната и готвење. Естетски задоволувачкиот дизајн на мијалникот се прелива кон просторот за сечење и индукциската рингла која е интегрирана во горната површина, креирајќи чисти и јасни линии.Високите складишни единици со вратички добиле сјаен бел лак, а во нив може да се стават садови и состојки, додека пак можат да се опремат со проширувачка работна површина од не’рѓосувачки челик.
Столбните единици се идеални за организација на апаратите за домаќинство. Есенцијалните врати се вртат со максимална версатилност и функционалност во композицијата, во која може да се инсталира рерна, ладилник, и најразличен алат.
Со широкиот асортиман на завршни детали и бои, оваа кујна може да поприми класичен и нешто помалку конвенционален изглед, односно може совршено да се прилагоди на вашето опкружување, саканиот стил и функционалноста.





