Актерската ѕвезда од добро познатиот стрип херој на Марвел „Deаdpool“, Рајан Рејнолдс, ќе се појави на филмското платно во семејна комедија режирана од Пол Кинг. Режисерот е познат по неговите филмови за прекрасното лондонско мече Падингтон.
Поддржано од Universal Pictures, претставува семејна комедија и се заснова на кратко книжевно дело на писателот Симон Рич.
Главната улога ќе ја има Рајан и тој ја толкува улогата на таткото кој се занимава со секојдневните фамилијарни предизвици. Исто така Рајан Рејнолдс ќе биде продуцент заедно со партнерот на овој филмски проект Џорџ Дејви.
