Во деновите на тешкиот карантин и пандемска паника, бројни музеи бараа начин како да продолжат да ги забавуваат и едуцираат посетителите. Се појавија предизвици, како што се рекреирање на познати уметнички дела со помош на обични предмети за домаќинство, кураторски битки за најчудните музејски експонати и разни квизови. Еден од оние што зеде најголем интензитет е, секако „The great British art quiz“, кој во последните месеци претстави повеќе од 40.000 уметници и нивни дела пред читателите. И во овие врели денови, кога фрижидерот почнува да изгледа како совршено место за летен одмор, доловивме една интересна слика која виси во Ројал Халовеј, колеџ од Универзитетот во Лондон. Делото на сликарот Едвин Ландсер „ Man Proposes, God Disposes“ е прикажана прилично грозоморна сцена на поларни мечки кои се борат меѓу ледените брегови за остатоците од урнатиот брод.
Овој квиз нè научи, дека оваа слика, наводно е прогонувана!
Во една од салите на Универзитетот во Лондон, каде студентите ги полагаат своите испити од страв од несреќа и прогонство, барале сликата да биде покриена. Причината за оваа урбана легенда гласи: Ако ја погледнете таа слика додека пишувате испит, ви е загарантирано неуспех. Паниката го достигнала својот врв во 70-тите години, кога еден студен експлицитно одби да седне под сликата. Сиромавиот професор, кој сакал само да се одржи испитот и да биде завршено што можно поскоро, земал големо парче материјал во налик на прекривка, со цел да биде покриена сликата. Таа голема прекривка сепак било огромно знаме „Union Jack“ и до ден денешен ја покрива неславната слика секоја година.
Покрај тоа што студентите не ги положувале своите испити, околу неа имало голема архива на хорор-приказни. Тогаш се шпекулирале гласини на едукативниот колеџ, дека некои поминале целосно лудо гледајќи ја сликата – еден студент, наводно, зјапал во очите на една од поларните мечки како во транс и потоа се самоубил. „Поларните мечки ме натераа“, се вели во прошталното писмо. Ваквите приказни, истакнува кустосот на Кралскиот Холовеј, Лора МекКалох, секако не се вистинити. Самите студенти признаваат дека не се толку суеверни, но сепак им е полесно кога е покриена сликата. И, сигурно е полесно да го обвините вашиот неуспех на проколнатиот имиџ пред незадоволните родители.
