За репутацијата на славните, нема ништо полошо од изнервираните поранешни соработници желни за нивната петминутна слава.
Поради бројните договори што фризерите, шминкерите и стилистите треба да ги потпишат, „сочните детали“ за вистинските лица на омилените холивудски sвезди ретко се објавуваат, но се наоѓа асистент кој одлучува да го каже она што го доживеале на сетовите.
Поранешна холивудска стилистка решила да ги извади „валканите алишта“ на славните на ТикТок, каде ги рејтува нејзините славни клиенти.
Тамаран против славните
Според странските медиуми, Тамаран работела во индустријата цели 11 години, од 2007 до 2018 година, а најмногу помогнала со снимки за списанија и подготовки за доделување на важни награди.
Џесика Алба игра психолошки игри
Наводно, Џесика Алба не е толку слатка и уредна како што изгледа – сосема спротивно.Тамаран тврди дека Џесика трие хумус во фустаните и ги враќа на стилисти, дека сака да игра психолошки игри и дека „зборува со вас додека всушност не разговара со вас“.
„Таа не е драга“, заклучи таа.
Не гледај во Џенифер!
Џенифер Лопез е особено застрашувачка, тврди Тамаран, затоа што им забранува на луѓето што работат со неа да гледаат во нејзина насока.
„Има причина што Џенифер да не може да си најде шивачка“.
Кетрин Хејгл има грозна енергија
Ѕвездата на филмот „27 фустани“ исто така оставила „горчлив вкус во устата“ на стилистката.
„Да беше личност 2020 година – ќе беше Кетрин Хејгл. Таа е исклучително тешка на сетот и секогаш е лута“, тврди Тамаран.
Мариса Томеи не е заинтересирана за времето на другите
Мариса Томеи, како што вели, е многу нељубезна и секогаш доцни. Се буди на попладне, дури и не ве поздравува кога ќе дојде во собата и јаде јогурт додека пробува скапи фустани.
Не е сè така црно
Тамаран ја пофали ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, Ариел Винтер, која наводно е многу драга, но ѝ дава оценка од 7/10 затоа што не го носела фустанот што го избрала за неа.
Таа им даде највисоки оценки на Џон Стјуарт, Џорџ Клуни и Кери Андервуд, кои според неа се одлични професионалци и многу пријатни луѓе спрема оние со кои соработуваат.
10/10 доби и Селена Гомез, која спрема стилистката е најпрофесионалната личност во идустријата, и секогаш вели „Фала“.
