Сцена која открива еден сегмент од животот на Миранда Пристли за кој не знаевме…
Дoдека да стигне „final cut“ на еден филм до гладна публика, донесени се милијарди мали одлуки и лесно е да се заборави дека процесот на работа на филм, чијашто монтажа е огромен дел, вклучува многу отфрлање на материјалот што бил снимен. Најчесто тој материјал никогаш не достигнува до нас, но понекогаш се појавуваат сцени од архивите и добиваме увид во алтернативната верзија на филмот што малку ја менува нашата перспектива.
„Ѓаволот носи Прада“ е дефинитивно меѓу култните модни филмови и без оглед колку филмските снобови ги превртуваат очите, филмот е совршена продукција во рамките на неговиот жанр. Исто така, и покрај сите критики, Ен Хатавеј, Емили Блант и неверојатната Мерил Стрип одиграа некои од своите најдобри и далеку најпрепознатливи улоги во нивните инаку импресивни кариери, токму во овој филм.

Филмот ја следи амбициозната новинарка Енди, која е вработен во магазинот „Runway“, колега на култни модни списанија како „Vogue“ и „Elle“, иако таа нема интерес за мода и го смета целиот свет на модата / начин на живот како несериозен. Постепено, сепак, таа е воодушевена од заслепувачкото модно кралство управувано од главниот и одговорен уредник Миранда Пристли, донекаде базирана на иконата за моден магазин од вистинскиот живот, Ана Винтур.
Во сцената што се појави пред неколку години (но на која сакаме да се присеќаме периодично, како и на самиот филм), Енди го пропушта роденденот на дечко ѝ за да ја следи нејзината шефица на настан, каде ќе успее да ја засени својата модно свесна колешка, и за прв пат ќе ѝ го привлече вниманието на главната уредничка. Во официјалната верзија, мал гест на нејзиното знаење и подготвеност означува голема промена. Но, во избришаната сцена, гледаме дека сопругот на уредничката Миранда се појавува пијан и притоа ќе го навреди шефот на Миранда, кому Енди потоа брзо му го привлекува вниманието, и со тоа добива ретка благодарност од самата кралица, Миранда.
Додека сцената ја открива позадината на нејзиниот брак, за кој знаеме дека е во неволја и ќе се распадне во текот на филмот, ја прави и Миранда малку похумана и човечка, но драматично е поефикасно што сцената е отсутна во финалето на филмот затоа што ја воспоставува врската на Миранда со Енди, што би ја сменило нивната подоцнежна динамика. Сепак, интересно е да ги погледнеме варијациите што може да го променат нашето мислење за филмот и можеме да имаме ново почитување за авторите кои донесоа низа мисловни одлуки да ни ја донесат токму верзијата што ја обожаваме.
