Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Pharell Williams лансира вегански козметички бренд

Фарел Вилијамс им се придружи на Кајли Џенер, Ким Кардашијан, Селена Гомез, Ријана и Лејди Гага.

Музичарот и дизајнерот сега ќе објави и своја сопствена козметичка линија. Марката е именувана „Humanrace“. Продажбата ќе започне многу скоро – овој месец.

„Сакав да го споделам моето 20-годишно искуство во нега на кожата. Производите се дизајнирани така што ќе ви одземат три минути наутро и навечер. Вашето лице е ваш дух, важно е да се грижите за вашата кожа, како и да одвоите време за себе секој ден “, прокоментира Вилијамс по повод лансирањето.

Инаку, Вилијамс знае многу за козметиката и мора да напоменеме дека во април наполни 47 години, но изгледа исто како и пред 20 години.

На 25 ноември, на официјалната веб-страница ќе се најдат три производи – чистач во прав од ориз, пилинг со ензим Лотус со висок процент на гликолна киселина и навлажнувачки крем со екстракт од габа чии својства не се инфериорни во однос на хијалуронската киселина. Сите производи се развиени во соработка со дерматологот Елена Џонс.

“Брендот не прави разлика помеѓу полот и расата. Ние создаваме производи за луѓе. Сите сме родени со иста кожа”.

Пакувањето е направено од рециклирана пластика и е прилагодено за вегани.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement