Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Нобеловата награда зад себе крие МРАЧНА историја и приказна!

Нобеловата награда им се доделува на луѓе кои оствариле големи индивидуални достигнувања во одредени сфери на животот: од наука до дипломатија. Она што многумина не го знаат – оваа награда има мрачно потекло.

Алфред Нобел бил шведски претприемач кој го измислил динамитот, што довело до негово огромно збогатување затоа што динамитот бил од голема корист, првично во тунелирање и изградба, а подоцна и во војни. Колку повеќе динамит се користело, толку повеќе растело богатството на Нобел. Меѓутоа, поради употреба на динамит во негативни цели, Алфред Нобел бил наречен трговец со смрт.

Тој прекар имал многу негативен ефект врз Алфред, кој не можел да ја промени ситуацијата и долго време размислувал за тоа што можел да направи за да се чувствува подобро, и да го подобри својот имиџ во јавноста.

Во 1895 година тој го напишал својот тестамент. Оставил дел од парите на своите роднини, бидејќи немал деца, а остатокот морало да биде платен во фонд. Интересот добиен од фондот требало да им се посвети на луѓето што го направиле најважното откритие во секоја од следните години во четири избрани категории, додека петтата награда би му припаднала на лицето кое направило најмногу за мир во светот – денес позната како Нобелова награда за мир.

Оваа идеја не била веднаш примена со ентузијазам. Роднините на Нобел биле многу негативно изненадени од неговата одлука да ги остави парите на некој друг освен нив. Во исто време, шведското кралско семејство не ја поддржувало неговата одлука затоа што наградите требало да им бидат доделени на сите луѓе без оглед на националноста – затоа тие го одбележале Нобел како некој кој не е вистински патриот.

Првите награди биле доделени во Норвешка и Шведска уште во 1901 година. Сто години подоцна, во Шведска беше отворен и музеј.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement