Пауло Коељо е роден на денешен ден во 1947 година. Тој е еден од омилените писатели на Балканот, а неговиот роман „Алхемичарот“ се смета за едно од најпознатите современи дела.
Долг бил патот од детството на овој бразилски писател до делото што ќе му донесе светска слава во 1988 година. Неговата животна приказна е исклучително необична и шокантна.
Од детството, тој негувал голема љубов кон литературата и пишувањето, но неговите родители планирале поинаков живот за него. Тој не можел да се справи со нивните желби, тие сакале тој да се бави со „сериозна работа“ – да биде адвокат или инженер. Шокантно е што неговите родители неколку пати го испраќале во психијатриски институции, за да ја извадат лудата идеја за писателство од неговата глава.
Тој бил примен во ментална установа кога имал 16 години, и таму останал до 20 години. Се обидел да избега трипати. Неговиот престој во болницата влијаел на фактот што тој подоцна развил проблем со краткотрајната меморија.
Подоцна станал бунтовен тинејџер. Имал лоши оценки и проблеми со насилниците. Се запишал на Правниот факултет, но го напуштил. Долго време консумирал дрога и опиети, го пропатувал светот како хипик. Тој, исто така, се испробал како текстописец, режисер и актер.

Поради неговиот политички активизам и неговиот бунт, тој бил уапсен неколку пати, дури и бил обвинет за практикување магија. Подоцна бил киднапиран, заедно со тогашната негова девојка, а настанот сè уште е обвиткан во мистерија.
Неговиот прв роман „Пеколни архиви“ добил лоши оценки од критичарите, а ни читателите не им се допаднал.
Тој доживеал целосна промена на 36-годишна возраст. Тогаш се упатил на аџилак во Шпанија. Решил да се посвети на пишувањето, па сосема случајно настанал и неговиот роман за ова патување – Алхемичарот. Тој не ни можел да замисли дека овој роман ќе му донесе светска слава и бројни награди.
Тој го напишал за помалку од две недели. Романот го претставува неговиот личен пат, пречките, како и наоѓањето на животна цел. За него познатата фраза, која самиот ја напиша, се покажа како точна:
- „Кога сакате нешто, целиот универзум се движи да ви помогне да успеете“
