Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Највозбудливи Тв-серии што вреди да ги следите

Кога ќе започнат есенските дождови, ние ќе бидеме подготвени….

Далеку сме, за да се опростиме од летото, но како што се приближуваше септември, така и дождовните мантили, есенската меланхолија, дождливите утра и постудените вечери се прикрадуваат во нашите фантазии. Чувството на нова сезона, нови почетоци се враќаа и се подготвуваат нови содржини што ќе го означат преминот кон есента. Меѓу другото, следуваат нови хит серии, за кои веќе се радуваме.

Rebecca

Адаптацијата на истоимениот готски роман на Дафне де Мориер ја носи приказната за еден млад вдовец и неговата нова сопруга, кои пристигнуваат во прекрасниот имот Мандерли на југот на Англија. Но, прекрасната зграда е исполнета со спомени и морничаво ехо на покојната сопруга со која младата хероина се обидува да се избори за своето место во куќата и срцето на нејзиниот сопруг. Романот беше прикажан уште во 1940 година од Алфред Хичкок, а сега доаѓа сериската верзија во која главните ликови ги толкуваат Лили Џејмс, Арми Хамер и Кристен Скот Томас.

Emily in Paris

Бидејќи дизајнот на костумите за оваа серија е потпишан од Патриша Филд, истиот стилист која работеше на сериите „Сексот и градот“ и филмот „Ѓаволот носи прада“, очекуваме ова да биде серијалот на модата со почетокот на есента. Емили, играна од палавата Лили Колинс, штотуку се пресели во Париз полна со амбиции, фантазија и романтични надежи, и иако сè уште не знаеме многу, се чини дека Градот на љубовта нема да ја разочара…..

Enola Holmes

Мили Боби Браун ја игра насловната хероина на оваа филмска адаптација на популарниот детективски роман, која е, ни повеќе ни помалку од – сестра на Шерлок Холмс и нејзиниот брат Мајкрофт. Енола е тинејџерка со мистерии каде нејзината мајка исчезнува.Таа решава да ги земе работите во свои раце и да започне потрага. Очекуваме откачена костумирана комбинација на комедија, драма и бесмислен криминал.

Away

Двојната добитничка на Оскар, Хилари Свонк, во новата вселенска серија глуми астронаут кој се подготвува за опасна мисија, додека од друга страна се движи низ семејни тензии и од заострени односи во деловниот тим. Во морето на сродни вселенски серии што се појавија во последниве месеци, ние со нетрпение ја очекуваме оваа најмногу од чиста феминистичка пристрасност.

Ratched

Можеби најочекуваниот од сите хит наслови на оваа листа, Ratched е еден вид спиноф на книгата и филмот Лет над кукавичјото гнездо и ја носи пред-приказната на озлогласената сестра Ratched. Насловот анти-хероина која пристигнува во канцеларијата на психијатриската установа ја игра Сара Полсон, за која знаеме дека игра и драмски улоги, како и хорор, и според сите проценки, комбинацијата од двете не чека тука.

Прочитај

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Advertisement