Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најубавиот безжичен звучник на светот-Aurora

Дизајнот на моделот Aurora е инспириран од работата на јапонските архитекти, Šigeru Bana i Tadao Anda…

Која е вредноста на беспрекорниот звук? Тоа е прашањето кои аудиофилите често си го поставуваат, децении наназад. Секако тоа прашање многу полесно добива одговор кога вашиот систем звучници има естетика која е вредна за музеј.

Британската аудио компанија iFi, изјави дека нивниот најнов all-in-one звучен систем, Aurora, звучи добро, толку колку што и изгледа. Иако тоа ни делува како најобично клише, во овој случај таквата изјава има основа, бидејќи звучникот е направен од бамбус и алуминиум. Визуелно најпривлечното парче аудио технологија кое имавме прилика да го видиме оваа година.

Дизајниран од страна на Julien Haziza од компанијата iFi, инспириран од работата на јапонските архитекти Šigeru Bana i Tadao Anda, Aurora звучникот обложен е со бамбус, додека пак внатре има пирамидална форма од алуминиум. Дрвото на предната страна на звучникот е поделено со дигитален дисплеј и контролен панел, додека задниот дел има исечена секција во која постои влез за апсолутно сите компоненти, било да се дигитални или аналогни.

Сепак како што вети, Aurora звучникот може да ви понуди многу повеќе од својот изглед. Најпозната по своите врвни конвертери, iFi компанијата создаде звучен систем кој ќе ве натера да помислите дека се наоѓате во концертна сала. Без оглед на изворот од кој ја репродуцирате

музиката, вграденото појачало на овој систем ќе ви пружи уживање во висококвалитетен звук благодарение на звучниците од 4.7 инчи, двата твитери и пасивниот бас кој се наоѓа под единица. Звучникот е исто така опремен со “automatic room tailoring” технологија, која користи сензори, како би го измерила просторот во кој се наоѓа звучникот и би емитувала најдобар можен звук.

Доколку сакате Aurora звучникот да биде ваш, бидете спремни да платите добра сума. Според наодите овој звучник ќе чини 1.400 долари, што за многу аудиофили нема да биде никаков проблем.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement