Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најубавата насмевка во Холивуд ја погоди ретка и мистериозна болест: Еве зошто Робин Вилијам ја одбра смртта! (видео)

Тој играше некои од најубавите улоги во историјата на Холивуд, неговото самоубиство го шокираше и го растажи целиот свет.

Г-ѓа Даутфаир, Добриот Вил Хантинг, Девет месеци, Ноќта во Музејот, Најдобриот татко на светот … се само некои од филмските ремек-дела, со кои актерот со најтопла насмевка ни ги стопли срцата и ни измами насмевки. И неколку солзи …

Но, животот на Робин надвор од камерата не бил како ликовите што ги играл. Барем не по тешката болест што ја добил, што е дијагностицирано дури по неговата смрт.

Борбата со „невидливиот непријател“ што го вовлече во депресија, вознемиреност, губење на волја и сила, е очигледно неподнослива и премногу тешка за Робин … Ние веруваме дека тоа би било за многумина, особено во тоа што не знаеле против што се борите.

На Робин Вилијамс му било дијагностицирана ретка форма на деменција, дури по неговата смрт во 2014 година. Шест години подоцна, документарецот открива детали за неговите последни денови. Целта на филмот е да се подигне свеста за таа специфична форма на болест што го принуди ценетиот актер да си го одземе животот.

Зошто Робин Вилијамс се откажал од борбата и одлучил да оди на смрт?

Документарецот Robin’s Wish детално ја опишува борбата на комичарот со прогресивно заболување на мозокот. Според неговата сопруга, тој не бил свесен дека има сериозно заболување и дека скоро секој дел од мозокот бил нападнат. Токму поради ова, неговата борба била тешка и исцрпувачка.

Иако деменцијата е добро познат поим, ретко се јавува специфичен тип од кој страдал, па многу лекари не успеваат да го препознаат. Се карактеризира со големи наслаги на одреден вид протеини во мозокот. Овие наслаги, наречени тела на Леви, делуваат на хемикалии во мозокот, што влијае на меморијата на пациентот, јазичните вештини и визуелната перцепција.

Зошто Робин Вилијамс ја одбрал смртта?

Најчестите симптоми на деменција со телата на Леви вклучуваат промени во размислувањето, движењето, спиењето и однесувањето. Се појавуваат проблеми со секојдневните задачи, се губат менталните способности, концентрацијата и вниманието. Често се појавуваат проблеми со движење и држење на телото, вклучувајќи бавни движења, тешкотии при одење и мускулна вкочанетост. Состојбата се влошува со визуелни халуцинации, а одморот не доаѓа дури и во сон. Сето ова влијае на промените во однесувањето и расположението, така што се појавуваат депресија, вознемиреност и апатија. На некој начин, пациентот постепено ја губи контролата врз себе, што може да доведе до самоуништување.

Оваа мозочна болест најчесто се јавува после 50-та година од животот, но може да се појави и кај помлади луѓе. Со текот на времето, болеста напредува, состојбата се влошува и страдателот станува се повеќе зависен од други луѓе кои се грижат за него. Тоа е точката над која славниот актер повеќе не сакал и немал снага да се бори. Веројатно не сакајќи да им биде товар на неговите најблиски и тие да го гледаат како пропаѓа на ниво на вегетација.

Освен што е тешка и многу ретка, отежнувачка околност е што не постои тест за дијагностицирање на болеста од која страдал и Робин, а нејзините симптоми може лесно да се мешаат со симптомите на Алцхајмерова и Паркинсонова болест. За жал, нема лек за деменција со телата на Леви. Сепак, одредени симптоми може да се ублажат со лекови, физичка и работна терапија, како и со помош на логопед, за некое време …

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Мијалникот и самостојната када создадени од Патриша Уркиола како дел од нејзината колекција Sonar за брендот Laufen добија нежно обликувана надворешност, која го имитира...

Cotton Club

Класичен волнен капут, со двојни копчиња, кој достигнува до глуждот е идеално есенско парче за студени денови, а боите се привлечни, како што е...

Green Tea

Овој „еликсир“ се зема двапати годишно, а делува со целосно подмладување на организмот. Функциите на сите клетки во телото се подобруваат. За да го...

Fool Moon

Абортусот сè уште е една од главните теми за кои се дискутира. Првенствено дали треба да биде легално или не, а во дебатата се...