Бела Хадид, најбараната манекенка на денешницата, ИТ девојка и Instagram ѕвезда, неодамна отворено проговори за болеста со која се бори со години, споделувајќи ги непријатните симптоми со кои живее и ѝ оневозможуваат да живее нормално секојдневие.
Имено, оваа убавица (23) страда од Лајмска болест уште од својата 14 година, а неодамна на Инстаграм сподели долг список на симптоми, заокружувајќи ги оние што ја мачат.
Бела истакна дека речиси секој ден се соочувала со низа непријатности – срцева аритмија, промени во расположението, болки во зглобовите, потење, гадење, несоница, главоболки, вознемиреност и конфузија.
- “Ова е она што го трпиме секој ден. Без лек”, напиша таа.
„Секој ден се случуваше да почувствувам десетина од овие симптоми, од 14-годишна возраст. Сè стана уште потешко кога наполнив 18 години”, рече манекенката, на која ѝ беше дијагностицирана болеста во 2012 година.
Во 2015 година, таа истакна дека поради оваа болест се откажала од својот сон професионално да вози и опиша како изгледало кога за првпат се разболела.
- “Тоа влијаеше на мојата меморија толку многу што одеднаш не знаев како да стигнам од Малибу до Санта Моника, каде што живеев. Не можев ни да возам. Бев многу болна. Дури и морав да го продадам својот коњ затоа што не можев да се грижам за него“, рече тогаш помалата сестра Хадид.
Бела ја нарече Лајмската болест „невидлива“, имајќи предвид дека не е очигледна и нема физичка манифестација.
Инаку, нејзината мајка Јоланда и братот Анвар исто така страдаат од Лајмска болест. Некои други славни ѕвезди ја имаат оваа болест – Џастин Бибер, Алек Болдвин, Шанија Твен, Бен Стилер, Кели Озборн …
